Најдоброто од природата

Неверојатнa, убавa, опаснa

Дојдете и видете!

Прекрасна и недопрена
топла и мирна

Највисоката планина во двете земји, достапна од двете страни. Дојдете во посета и најдете го Вашиот мир

Прекугранична Патека Бр.11 Стара трговска патека - NMK

trail no.11 photo resized

(Тетово - Извори на минерална вода Бањиче - Село Селце - Село Бродец - Село Вешала - Зелен премин Караникола - Призрен)

 

DOWNLOAD GPX    Места од интерес

 

Позиција - планина

Шар Планина / централен сегмент

Почетна точка

  • Тетово

Опис на патеката

Ова е патека што започнува од Тетово и завршува во Призрен или обратно. Старата трговска патека или Кралскиот пат, е патека што започнува од Горно Маало и ја следи реката Пена. Поминувајќи покрај областа „Бањиче“, изворот на минерална вода, патеката оди до селото Селце и поминува под самото село. Оттука започнува движењето кон селото Бродец, каде што минува низ карпеста патека, која била трасирана во периодот од 1920-тите и 1930-тите. До оваа точка, т.е. селото Бродец, насоката на патеката е кон северозапад. Од селото Бродец патеката е по асфалтен пат, се до селото Вешала, од каде започнува да се искачува до зелениот превој или „Шара превој“ кај Караникола. Од селото Вешала, патеката се протега по широк земјен пат, кој што стрмно се издига над селото и потоа нежно се искачува по десната страна на Караниколичка река. На надморска височина од 1760 метри, каде што е изградена чешма / фонтана, широкиот пат потоа се претвора во планинска патека, каде што по уште еден километар во северозападен правец, на местото со патокази, остро свртува кон север, каде стрмно се искачува до зелениот премин на надморска височина од 2000 метри.

Од оваа позиција патеката преминува кон Косово, се спушта кон планинскиот дом „Шари“, селото Заплужје и генерално оди на север се до градот Призрен.

Технички информации:

Висина на почетна точка

  • Тетово – 500 м.н.в.

Највисока точка

  • Караникола – Зелен превој 2065 м.н.в.

Висина на крајна точка

  • Призрен – 415 м.н.в.

Времетраење на тура

  • 8.00 – 10.00 часа

Должина на патека

  • 49 км

Надморска височина

  • Пешачење нагоре – 1565 м

  • Пешачење надоле – 1650 м

Тежина на патека

Потребна физичка подготвеност

Panoramas and landscapes

Движејќи се по оваа патека, има неколку моменти каде што постојат места за панорамско разгледување.

Еден од пејзажите е кога се движиме по карпестата патека, што е објаснета во описот, од каде имаме поглед кон најдоминантниот врв на Шара, Кобилица и средниот тек на реката Пена.

Второто важно место каде имаме убав панорамски поглед е веднаш по пешачењето над селото Вешала, од каде што можете да видите неколку сегменти на Лешница на југ и Јелачки Црн Врв на југоисток.

Секако, најважната панорамска точка е зелениот премин, од каде може да се види целиот централен дел на Шара со Лешнички карпи, Титов Врв и езерото Караникола од македонска страна и долината на Призрен Бистрица од страната на Косово.

Пристапност до почетна точка:

  • Автопат Скопје – Тетово, 43 км

Точки од туристички интерес

  • од почетната точка

  • Тетовски Кале (15 минути возење од Тетово)

  • Бањиче (15 минути возење од Тетово)

  • Арибати Баба Теќе (10 минути возење од центарот на Тетово)

  • Шарена Џамија (10 минути возење од центарот на Тетово)

  • Турски Амам (10 минути возење од центарот на Тетово)

  • Тетовски Музеј (10 минути возење од центарот на Тетово)

  • Музејот на КПМ (10 минути возење од центарот на Тетово)

  • Галерија на икони (10 минути возење од центарот на Тетово)

Сместување и храна

  • Различно сместување во Тетово

Јавен превоз

  • Јавен автобус, транспорт со комбе и такси






 

01 Briefing notes EN thumb    02 Briefing notes EN thumb   
03 Briefing notes ЕN thumb   04 Briefing notes ЕN thumb  

eu funded gdThis web has been produced with the assistance of the European Union.  The content of this web is the sole responsibility of the implementing organisations and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.

© 2024 Alka. All Rights Reserved.