За проектот
Проектот „Поддршка на регионалниот туристички потенцијал“ е финансиран од Канцеларијата на Европската унија во Косово, во рамките на ИПА II прекуграничната програма Косово - Северна Македонија 2014-2020.
Опис на проектот
За Проектот
Поддршка на регионалниот туристички потенцијал
Општа цел на проектот
Општата цел на проектот е да ги зајакне туристичките потенцијали и да ги промовира регионалните вредности на преку-граничните региони и поконкретно да работи на:
-
Воведување на нови туристички можности и подобрување на квалитетот на производите и услугите и
-
Развој на конкурентни туристички производи - промоција / маркетинг за привлекување на повеќе домашни и странски туристи.
Специфични цели на проектот
СЦ1. Воведување нови можности за туризам и подобрување на квалитетот на производите и услугите.
СЦ2. Развој на конкурентни туристички производи – промоција / маркетинг за привлекување на повеќе домашни и странски туристи.
Согласно со тоа, акцијата ќе го поттикне понатомошниот раст на туризмот со тоа што ќе влијае на туристите да трошат повеќе време во преку-граничниот регион и ќе мотивира голем број туристи да го посетат преку-граничниот регион.
Очекувани резултати на проектот
Р 1: Идентификувани и утврдени 20 нови туристички рути и 1 регионална рута, кои
се вклучени во заедничка база на податоци;
Р 2: Руралните објекти и домаќинствата покрај рутата, обезбедуваат поквалитетни
услуги, тие се познати и добро презентирани на потенцијалните туристи;
Р 3: Постојните и потенцијалните туристички водичи ги имаат надградено своите капацитети и претставуваат клучни лица за развој на идните регионални туристички производи;
Р 4: Привлекување на нови туристички посети, бројот на посетители е зголемен, економијата во регионот има зајакнати деловни и регионални вредности.
Целни групи
Туристички даватели на услуги, особено постојните и потенцијалните туристички водичи, сместувачки капацитети и сопственици на рурални објекти и домаќинства.
Крајни корисници: Домашни/странски туристи, рурални заедници и нивните жители, Агенција за промоција и поддршка на туризмот, ЕЛС, претприемачи/инвеститори, билни/медицински преработувачи, ресторани, угостители - даватели на услуги, занаетчии / изработувачи на ракотворби од регионите Полог и Призрен.
Работен пакет 1.
A1.1 Идентификација и подготовка на „Идентификациони картички“ за 20 туристички патеки за двете страни од областа на преку- аничниот регион и 1 регионална рута;
А1.2. „GPS“ означување на идентификуваните туристички патеки / рути; Планинарско одбележување и поставување на знаци на ново идентификуваните и веќе означените туристички рути со „GPS“;
А1.3. Подготовка на заедничка база на податоци која ги содржи „Идентификационите картички“ на туристичките патеки / рути и скенираните „GPS“ координати;
Работен пакет 2.
A2.1. Идентификација и мапирање на руралните објекти и домаќинства (Краток приказ и „GPS“ координати) долж туристичките патеки / рути;
А2.2. Анализа на потребите за обука на претставниците на руралните објекти и домаќинствата за развивање на програма за советодавна поддршка;
А2.3. Развој и имплементација на програма за советодавна поддршка;
Работен пакет 3.
A3.1. Анализа на потребите за обука на потенцијални и постоечки туристички водичи за развој на програма за обука за меки вештини;
A3.2 Развивање и спроведување на програма за обука за туристички водичи;
А3.3. Развој и објавување на прирачник за туристички водичи и аниматори;
Работен пакет 4.
A4.1. Дизајн, лансирање, ажурирање на модерна веб-страница за промоција на руралниот туризам - Откријте го регионот на Шар Планина;
А4.2. Пренесување на сопственоста на платформата и давање инструкции на веб администраторите за ажурирање и одржување на платформата;
А4.3. Дизајн и имплементација на промотивна кампања која ќе ја промовира веб-страната, патеките/рутите, културното и природното наследство и
давателите на услуги поврзани со патеките /рутите;
А4.4. Финален настан – финална прес-конференција;
GET YOUR MOBILE APP
This web has been produced with the assistance of the European Union. The content of this web is the sole responsibility of the implementing organisations and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.